МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

УТРЕВЕЧЕР ДЕТСКА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ИВАН МАЗОВ КЛИМЕ

Утревечер,петок, 6 ноември со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, премиерно ќе ја изведе детската театарска претстава “Малиот принц“. Текстот е на Антоан де Сент - Егзипери, а адаптацијата и режијата се на Микица Илова.Улогите во претставата ги толкуваат: Стојанче Ванѓелов, Јована Секуловска, Сашко Орешков, Микица Илова и Кристина Јованова.Учествувааат и членови на студиото Венус.Оригинална костимографија на Сара Милевска.

– Претставата е за губењето и пронаоѓањето на верата во себеси. Сите ние, возрасните, опкружени со проблемите го губиме детето во нас, но покрај тоа што возрасните знаат да го изгубат детете во себе, знаат и децата постанувајќи возрасни да заборават на она што всушност сакаат да бидат кога се мали. Таа тема е многу сериозна, па затоа претставата освен што е за деца и млади добро е да ја погледнат и возрасните. Секој ќе се пронајде во оваа претстава.Се потрудив да ги опфатам сите можни сегменти и детали од книгата..имаме рачно изработена планета -астероид...авион,прекрасна сценографија која на многу сликовит начин ја објаснува оваа претстава која како лектира е задолжителна во основно образование.Убаво е сите да ја погледнат и да ја решат мистеријата дека оваа книга е тешко разбирлива дури и за возрасните.„вели Микица Илова и додава:Се разбира преку следење на протоколите за заштита.

Претставата е во рамките на традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен 2020“ и ќе се одвива според протоколите за работа во време на пандемија: носење лична заштита на лицето, дезинфекција на рацете, одржување на растојание и ограничен број на посетители.

м.в.