МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(115x115)
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Поставени се последните 11 метални столбови од новата мрежа на Јавното улично осветлување на ул.„Страшо Пинџур“. Активноста е дел од проектот на општината Кавадарци, во соработка со ЕВН Кориснички центар Кавадарци со кој целокупната воздушна ниско напонска мрежа на улиците „Народен фронт“ и „Страшо Пинџур“ се дислоцира во подземни водови. Со овој зафат досегашната воздушна линија целосно ќе биде отстранета и повеќе на ова делница од 2 000 метри нема да постојат старите дрвени бандери и надземните електро проводници. Паралено со ова под земја ќе бидат дислоцирани и водовите на телекомуникациските и кабелските оператори. Општината со овој проект ќе обезбеди современо јавно улично осветлување, зголемена безбедност на електричните водови, како и сигурност за граѓаните.

извор : Кабинет на Градоначалник Митко Јанчев

126168221_2901554690068573_2554138867252104241_n 126058986_2901554750068567_7322766001782109073_n