Убава музичка претстава која ги воодушеви кавадарчани.
Синоќа во Кавадарци се одржа Новогодишен концерт со музика од филмовите за Џемс Бонд.Коинцертот е дело на камерниот оркестар од Битола кој во Кавадарци ова лето исто така имаше успешно гостување во Домот на културата. На сцената во салата од Домот на културата “Иван Мазов Климе” беа диригентот Владимир Димовски кој прави аранжмани и триесетина музичари. Присутните уживаа во дванаесет композиции. Познатиот Камерен оркестар од Битола исполни специјална програма составена од познати музички композиции од популарниот филмски серијал за Џемс Бонд - "James Bond Simphony". Концертот заврши со божиќна песна од Мараја Кери. Како солисти пејачи настапија Наде Талевска, Ирена Димовска и Мики Секуловски. Настанот беше организиран во соработка со локалната самоуправа и Домот на културата.
Никола Трајановски како координатор на оркестарот, упати благодарност до градоначалникот и општината Кавадарци.
Инаку во оваа форма, оркестарот постои веќе четврта година и како што нагласи Трајановски, одлично функционира. Претходно опстојувал четириесетина години со прекини.
-Среќен сум што во Кавадарци го имаме последниот дванаесетти концерт за оваа наша успешна година. Всушност, за оркестарот ова е досега најуспешната година, нагласи Трајановски.
Убава музичка претстава која ги воодушеви кавадарчани.