МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Деновиве Општина Кавадарци го заокружи проектот за нова нисконапонска линија во населбата „Бел Камен“. Ангажираната оператива постави линија на мрежата од јавното улично осветлување во должина од 1000 метри. На делници од улиците „Бел Камен“ и „8-ми Септември“ поставени се вкупни 28 метални канделабри од кои 5 со висина од 8метри и 23 столбови од 5 метри. На истите се вградени еколошки ЛЕД светилки со јачина од 30 W. Ова беше последната од проектираните 17 локации во градот каде со нови линии се интервенираше во подобрување на нисконапонската мрежа и сите останати елементи од Јавното улично осветлување. Според проектот на 17 локации општината постави вкупно 420 метални столбови со висина меѓу 4 и 10 метри, како и штедливи ЛЕД светилки со различна јачина, во зависност од теренот. Во новата мрежа се вградија 12.000 метри нисконапонски кабел вкопан во земја. Освен ова е извршена и реконструкција на 800 постојни светилки. Крајната цел на општината, преку овој капитален проект е формирање на центар за мониторинг и управување со Јавното улично осветлување. Воедно на кабелските оператори и на ЕВН Македонија, им овозможи во рововите да постават нивни инсталации, со цел градските улици да се ослободат од воздушните водови и старите дрвени бандери. Општината Кавадарци во овој капитален проект за подобрување на јавното улично осветлување инвестираше 53 милиони денари. извор Кабинет на градоначалник Митко Јанчев 130583672_2919126448311397_5151623678155029984_n 130828066_2919126454978063_8854703053430809685_n 130977071_2919126524978056_1737636318967894305_n