МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Додека сите се подготвуваат за славење на „најлудата“ ноќ во годината, инспекторите од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициската станица од општа надлежност Кавадарци денеска ги потсетија жителите на општина Кавадарци дека криминалците вообичаено работат и за нова година.

„И годинава во пресрет на новогодишните празници кога голем дел од граѓаните ќе ја дочекаат највеселата ноќ надвор од своите домови, во ресторани, хотели и други туристички места во Македонија или во странство, а нивните домови ќе останат празни и незаштитени од криминалците, со превентивна акција во заедничка соработка со инспекторите од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициската станица од општа надлежност Кавадарци реализираме превентивна акција на која преку делење на едукативни флаери ги информираме граѓаните како да се заштитат и кои мерки да ги превземаат доколку за Новогодишните празници бидат надвор од своите домови“ - ни изјави Димитар Каракулев, инспектор по превенција во полициската станица од општа надлежност Кавадарци.

Иако сите ќе сакаат да објават слика и видеа на социјалните мрежи како ја прославуваат новата година, полицајците предупредуваат дека и годинава една од мерките за заштита од кражби е да не се открива локацијата на дочекот на новогодишната ноќ, посебно ако домот во тој момент е празен и не е заштитен. Покрај оваа препорака, инспекторите по превенција советуваат да оставите вклучено светло, радио или телевизор кога ќе излегувате од дома, да ја препуштите грижата за Вашиот дом на повозрасно лице, доверете му го клучот на Вашиот најблизок сосед, не оставајте дома вредни предмети, компјутерска опрема, накит и пари.

Исто така, доколу забележите сомнителни лица или автомобили пред Вашиот дом или зграда, не заборавајте да ја информирате полициската станица на телефонскиот број 192.