КАВАДАРЕЧКИТЕ УМЕТНИЦИ СО ОВАА ЗАЕДНИЧКА ПОСЛЕДНА ИЗЛОЖБА ВО 2020 НА СИТЕ ИМ ГИ ЧЕСТИТАА НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИКНИТЕ ПРАЗНИЦИ
Денеска во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци,беше отворена традиционалнта Годишна изложба на членовите на Друштвото на ликовни уметници од Кавадарци (ДЛУК), на која десетина кавадаречки уметници се претставија со свои дела од нивниот понов опус. Оваа изложбата на ДЛУК е последен настан за 2020 а со истиот кавадарелките уметници на сите свои сограѓани и пошироко им ги честитаа новогодишните и божикните празници. На изложбата говореа Владимир Темков и претседателката на ДЛУК Симона Манчева.
Годинава беа изложени дела на ликовните уметници: Киро Јосифов, Владимир Темков, Лазар Дојчинов, Ванчо Кеков, Трајче Јованов, Марина Убавкова, Диме Самарџиев, Иван Кованцалиев и Горан Боев.
м.в.