МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Соопштение на ОО на СДСМ- интегрален текст :

,,Почитувани граѓани

Во текот на вчерашниот ден Владата предводена од СДСМ изврши исплата на средствата за подршка на лозарите од Ковид програмата.

Поддршката која во текот на вчерашниот ден им беше исплатена на лозарите изнесува шест денари за килограм винско грозје предадено во регистрирани винарии, а наменето за производи од грозје и вински дестилат и два денара за килограм винско грозје предадено кај регистриран откупувач за производство на вино или за извоз на винско грозје за сите вински сорти.

Исто така беше исплатена и поддршката од 2 денари на секој земјоделец кој предал винско грозје за извоз кај регистриран откупувач , било во гајба или слично како и 2 денари за предадено грозје од вискоквалитетни сорти кај регистрирани домашни винарии или откупувачи.

Покрај ова лозарите ќе добијат дополнителни два денари по килограм за предадено винско грозје во регистрирани винарарски визби преку програмата за директни плаќања од Агенцијата за финансиска поддршка.

За оваа мерка исплатите на финансиските средства ќе се извршат во 2021 година според рокот за исплати во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Мерката е наменета за сортите на винско грозје смедеревка, вранец, црн бургундец, станушина, кратошија, жилавка, кадарка.

Во периодот кој следи продолжуваме и понатаму посветено да работиме за поквалитетно земјоделско производство.

Преземаме чекори и мерки во интерес на лозарите и креираме политики, кои го унапредуваат земјоделството и го подобруваат стандардот на земјоделците.

О.О СДСМ Кавадарци„