МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГРАЃАНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ „ОД СРЦЕ ЗА СРЦЕ“ ВО 200 СЕМЕЈСТВА ОД КАВАДАРЕЧКИТЕ СЕЛА КЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ДОНЕСЕ ДУХОТ НА НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИКНИТЕ ПРАЗНИЦИ

Хуманитарното здружение на граѓани „Од срце за срце“ трета година по ред организира хуманитарен настан во обидот во пресрет на новогодишните и божикните празници да им ги разубави истите на социјално загрозените семејства, лицата со инвалдитет, стари и изнемоштени лица, децата без родители. Годинава се одлучија да им помогнат на 200 семејства од кавадаречките села. За таа цел на градскиот плоштад е поставен штанд каде хуманитарните луѓе можат да донираат новогодишни пакетчиња,пакети со прехрамбени и хигиенски производи и сл. Да го одбележиме потегот на вработените при домот на културата „Иван Мазов Климе“ кои сите заедно од прв до последен се вклучија во акцијата донирајки новогодишни пакетчиња. За самата акција поразговаравме со организаторот Сашка Кузманова.

м.в.

133929476_719560805362134_2987328220049612121_n 133785981_2845988862303947_8159785640141404191_n 133909720_246733993516134_4937250871175097513_n