МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СПОРЕД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ ОВА Е НАЈМАЛКУ ШТО МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ ЗА ПРИЈАТЕЛСКИОТ ХРВАТСКИ НАРОД

Компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци многу пати досега на дело ја покажала својата хуманоста. По информацијата за катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Петриња и територијата на Хрватска раководството на компанијата реагираше експресно и испрати четири шлепери натоварени со вода „изворска“ за настраданите во епицентралното подрачје. Оваа донацијата од кавадаречката компанија „Кожувчанка“ заедно со конвојот со хуманитарна помош заедно тргна кон настраданите подрачја во Хрватска. Кавадарци како град е збратимен со Макарска и според градоначалникот Митко Јанчев ова е најмалку што може да се направи за пријателите во Хрватска.

м.в.