На 4 јануари 1943 година во скопскиот Областен затвор од страна на бугарските фашисти е убиен Страшо Пинџур, еден од најзначајните револуционери од поновата историја на Македонија. Роден е на 5 март 1915 г. во Струмица, каде неговиот татко работи како учител. Се образувал во Ваташа, Кавадарци, Г. Милановац, Н. Краина, Крагуевац и Белград. Во Крагуевац започнува неговата револуционерна дејност, кога смело се спротивставил на психологот Василие Правуловиќ, кој генерално ги омаловажувал македонците како народ. Во Белград станал член на МАНАПО и член на студентскиот акционен одбор. Во 1939 г. ја обновува работата на КП во Кавадарци. Поради неговата револуционерна определба бил на два пати апсен пред војната во 1938 и 1940 година. Во 1941г. е инструктор на Покраинскиот воен штаб, а во 1942 г. ичлен на Покраинскиот комитет и член на Главниот штаб на Македонија . Во ноември со Мирче Ацев се испратени во Велес да ја средат работата на Месниот комитет од овој град кој настрадал по разбивањето на партизанскиот одред “Димитар Влахов“. Уапсени се со Мирче и однесени во Скопскиот затвор, каде се безмилосно тепани и измачувани од страна на бугарските агенти. Страшо починал како последица од тепањето на 4 јануари 1943 година, и до денеска не се знае каде е неговиот гроб. За народен херој е прогласен на 29.07.1945 година.
По повод неговото убистви денеска пред Спомен куќата на бистата на херојот беа положени свеќи цвеќиња- со цел сеќавање на големиот човек СТРАШО и никогаш да не се заборави неговата херојска смрт.
П.К. м.д.