МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст„

„Почитувани граѓаниПочитувани медиумиЗа две и пол години направивме пресврт на подобро. Покажавме дека знаеме и можеме да работиме чесно, одговорно и во интерес на граѓаните.Денес, се обврзуваме на нови цели, пред граѓаните и пред себеси. Денес имаме решенија за сите граѓани. Решенија за иднината. Имаме понуда кој носи нова македонска развојна економија, која ги штити работниците и носи повисоки плати и нови работни места.Платите во сите сектори ќе продолжат да растат.До крајот на мандатот минималната плата ќе ја зголемеме на 20.000 денари. Тоа ќе биде плата повисока за дури 120% од оние 9.000 денари на ДПМНЕ во 2016 година.Просечната плата до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари. Покажавме дека знаеме, умееме и можеме да ги качуваме платите многу побрзо од нашите опоненти. Повратот на пари кај граѓаните продолжува уште повеќе. Прагот за месечен поврат на ДДВ го зголемуваме од 600 на 800 денари месечно! Стотици илјади граѓани ќе продолжат да бидат фискални инспектори.До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4%.Стабилната и развојна економија ќе обезбеди пензиите да растат заедно со платите, постојано. Најниските пензии ќе ги зголемиме за најмалку 21%.Направивме многу но можеме уште повеќе и уште подобро.„