МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По реакцијата на Кабинетот на Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев а во вреска со постот на личниот профил на пратеникот од Кавадарци на СДСМ-Даниела Колева , поврзан со финасирањето на изградбата на Велосипеднко-пешачката патека до Моклиште ,таа ни се обрати со цел да го објавиме нејзиниот став во врска со објавата и коментарите кои произлегуваат од тоа.

Интрегрален текст на реакцијата на Даниела Колева- пратеник од Кавадарци.

„Почитувани сограѓани Очигледно е дека објавата на мојот личен фејсбук профил предизвика неоснована реакција кај нашиот градоначалник, поради што мојот личен пост беше копиран и на незаконит начин објавен од официјалната страна на градоначалникот, заедно со негова реакција. Нејасна е ваквата реакција на градоначалникот кога и самиот пред медиумите кажува дека патеката е целосно финансирана од Владата преку Вардарско плански регион. Имено, како што јасно се гледа во мојата објава само наведов дека средствата кои Владата ги наменила за изградба на велосипедско-пешачката патека се дадени на вистинско место, а никаде не оспорив ниту спомнав дека тоа не е проект на општина Кавадарци, затоа што истото се подразбира, патеката се наоѓа во Кавадарци. Впрочем постојат и неколку табли долж патеката на кои јасно пишува дека истата е финансирана од Владата. Како пратеник и дел од законодавната власт, ги посочив средствата кои централната власт ги вложи во овој проект, само ДДВ-то за овој проект е исплатено од Општина Кавадарци. Оттука неразбирлива е реакцијата на градоначалникот дека пратениците немаат никакво учество во реализирањето, бидејќи такво нешто никаде не спомнав во мојата објава, ниту овој проект го земам како моја заслуга, напротив изразив воодушевување за патеката и колку е таа искористена. А по однос на коментарот од дека е време ние како пратеници да почнеме да се бориме за нови проекти, би му укажала дека тоа веќе ги правиме и заедно со другиот пратеник веќе успеавме да издејствувавме повеќе проекти кои ги споменав во моето предновогодишно интервју, а кои се во интерес на сите граѓани и кои му се познати и на градоначалникот. По природа не сум човек кој оспорува нечија заложба и работа, а немам никаква намера да заземам туѓи заслуги, но граѓаните треба јасно да знаат кој ги финансира проектите, иако се општински. Се согласувам дека средствата во локалната самоуправа и во централната власт се пари на граѓаните и треба да бидат насочени на вистински проекти како што е овој. Јас како пратеник ќе се залагам за што повеќе проекти да бидат остварени со поддршка на централната власт и тоа не за мој или интерес на градоначалникот туку само во интерес на нашите сограѓани. Се надевам во иднина нема да има вакви неосновани и избрзани реакции од страна на градоначалникот и заедно ќе работиме во интерес на нашите сограѓани и нашата општина Кавадарци.„- се вели во писмената реакција која РТК.МК ја доби од пратеничката Даниела Колева.

maxresdefault FB_IMG_1602798128678