Денеска градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев го посети СОЗШУ„Ѓорче Петров„ и изврши увид на досегашната реконструкција на училиштето во кое се вложени околу 10 милиони денари, од кои скоро 5 милиони се донација од Норвешката aмбасада а остатокот Македонската влада и Општина Кавадарци.За период од речиси 2,5 години, во самото училиште и дворот на установата извршени се темелни поправни и реконструкции со што векот на ова образовна институија е продолжен за многу години. Директорот Горан Велковски стори доста за остварување на ова цел.

138774703_1052775721897642_475679356412391493_n 138855751_404147330843343_3499696278881516363_n