Министерот имаше средба со градоначалникот Mитко Јанчев и командирот на ПС од ОН Сашко Димовски.Во градот се враќаат полицајците-позорникари.
Денеска во Кавадарци престојуваше Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски .Во Кавадaрци, со најблиските соработници, тој имаше работна средба со градоначалникот на Општината Митко Јанчев и командирот на ПС од ОН Кавадарци Сашко Димовски.
Се разговараше на повеке теми од интерес на безбедноста на граѓаните и подобрување на јавниот ред и мир,безбедноста во сообраќајот,и надминување на други затекнати проблеми , потоа во делот на соработката на Противпожарната територијална единица и безбедноста на граѓаните поврзана со активирањето на позорникарската служба во градот.