МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЧАНИ И НА ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ ПОКАЖУВААТ КОЛКУ СЕ СЕРИОЗНИ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ

И во вториот контролен натпревар екипата на „ГФК Тиквеш 1930“ од Кавадарци овој пат на игралиштето во село Марена во рамките на подготвителниот период против екипата на „Плачковица“ забележа сигурна победа со резултат 4:2.Головите за кавадарчани ги постигнаа Симе Христов кој реализираше два пати и по еден гол постигнаа Благоја Љамчевски и Ѓорѓи Мојсов. Новиот тренер на „Тиквеш“ Пане Блажевски на оваа средба им укажа доверба на сите фудбалери со кој располага во овој момент. „Тиквеш“ во првата контролка го совлада прволигашот „Беласица“ а според предвиденото и најавеното следен контролен натпревар ке биде против екипата на „Работнички“.

м.в.