Топла предновогодишна вечер во Библиотеката „Феткин“
Новогодишната ноќ која синоќа беше претставена во Библиотеката „Феткин„ беше како она која децата од некои други поминати времиња.Во новогодишна приказна која ја изведе Микица Илова со деца од училиштата во Кавадарци учествуваа сите , и во таа интерактивност никој не беше онеправдан.Во тоа е и тајната на вистинските приказни-да се биде дел од неа.А во приказната за „Новогодишниот грабеж„ и актерите и децата кои гледаа беа еднакви.Раскажана едноставно а блиско до децата.
И да не раскажуваме се по ред, само ке упатиме комплименти за сите кои беа учесници во Новогодишната ноќ, особено за Микица, и за Библиотеката „Феткин„ која на децата им ја подари , предвреме , најубавата „Новогодишна ноќ“.То и била намерата ни потврди во изјавата Трајанка Атанасова-директорка на ова институција.Фактот дека на вечерта дојдоа без некоја посебна покана,родители и деца и сите со насмевка поминаа повеќе од еден час во убавта атмосферта на градинката, говори многу.
И не беше само претставата „Новогодишен градбеж“.Се одржа и работилница - изработка на новогодишни лампиони и читање проследено со драматизација на бајката од Ханс Кристијан Андерсен, “Снежната Кралица“.
Инаку Библиотеката „Феткин“ подготвува уште едно изненадување.Во своите простории на 26 декември-вторник- се организира концерт на класична популарна музика од творештво на Моцарт, Штраус, Брамс и домашни автори во изведба на квартетот “Коскаров„