МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст на прес конференцијата на која зборуваше Вуко Мелов -член на ИО на СДСМ Кавадарци

„Почитувани медиуми

Почитувани граѓани

Во време на силна глобална економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ покажа дека се грижи за секој граѓанин и за секоја компанија која има потреба од помош.

Преку четири пакети на економски мерки, 1,2 милијарди евра завршија директно кај граѓаните и кај компаниите.

Една од најзначајните мерки од овие пакети, е финансиската поддршка за исплата на плати за работници, вработени во компании погодени од здравствено економската криза.

Со оваа мерка спасивме стотици илјади работни места и им помогнавме на десетици илјади компании.

Покрај ова во четирите пакети мерки беа опфатени и околу половина милион граѓани, кои добија платежни картички, ваучери за туризам и финансиска поддршка со цел да ја стимулираме приватната потрошувачка и да ја зајакнеме куповната моќ на граѓаните.

Грижата за граѓаните, за компаниите продолжува и оваа година. Во овој период се димензионира и петтиот пакет на економски мерки.

Со петиот пакет мерки планирано е да биде опфатен поширокиот дел од економијата. Истиот вклучува мерки кои ја поддржуваат домашната економија напред кон процесот на целосно заздравување и понатамошен развој.

Потполно сме свесни дека кризата се уште не е комплетно зад нас и веруваме дека со заеднички влог и солидарност ќе ја надминеме и за брзо, почнуваќи од вториот квартал оваа година, ќе влеземе во пост-ковид период на заздравување и раст.

Како одговорна партија продолжуваме со сериозни и ефикасни економски политики што ќе овозможат рестарт на економијата и враќање на стапките на раст пред коронакризата.

Остануваме посветени на градење економија на еднакви шанси и подобар животен стандард за сите.

Ви благодарам

Вуко Мелов

Член на ИО на СДСМ Кавадарци„.