МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадаречката полиција ги запозна првачињата со нивната работа и со средствата кои ги користат при извршување на работните задачи

Денеска ОВР Кавадарци ги отвори вратите на првачињата од Основното училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци. Низ едукативни активности и презентација на дел од опремата и материјално-техничките средства со кои располага полицијата, инспекторите од Отсекот за превенција при СВР Велес на првачињата им ја презентираа полициската работа и ги запознаа со основните сообраќајни правила и прописи учениците како активни учесници во сообраќајот во својство на пешаци. Целта на оваа активност е континуираното градење на партнерство меѓу граѓаните и полицијата, а тоа партнерство денеска беше промовирано на терен со најмладата категорија - децата.

viber_image_2022-10-04_14-57-52-629

М. В.