Општина Кавадарци деновиве реализира проект за подобрување на постојната мрежа од Јавното улично осветлување во градот. Ангажираната оператива работи на замена на постојните 30 W ЛЕД ламби со нови високоефикасни 19 W ЛЕД ламби. Денес се работеше на улиците „Ило Костов“ и ул.„Максим Горки“. Овие две улици се дел од предвидените 30 улици каде ќе се изврши замена на вкупно 352 ламби. Проектот има за цел да го подигне нивото на осветлување на улиците, и да зштеди на потрошувачката. Со ова ќе се создадат услови за непречено и безбедно движење на граѓаните во ноќните часови. Во наредниот период општината преку истиот проект ќе интервенира и на нови улици.
извор / Кабинет на градоначалник