ПОЕТСКА ВЕЧЕР „ПЕХАРОТ НА ТРИФУН“ ; ИЗЛОЖБА НА ВЛАДИМИР ТЕМКОВ; И ПРЕМИЕРА НА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ“
Во пресрет на празникот „Свети Трифун“ Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ке биде домакин на неколку културни настани кои во услови на пандемија треба да го збогатат чествувањето на празникот. Сите настани ќе се одвиваат според протоколите предвидени за настани во услови на пандемија на COVID – 19. Прво во четврток на 11 февруари со почеток од 19 часот во галеријата на Домот на културата ќе се оддржи традиционалната поетска вечер со познати кавадаречки поети насловена како “Пехарот на Свети Трифун“. Да напоменеме дека поради пандемијата годинава немаше конкурс за нови творби и нови автори.Во петок на 12 февруари со почеток од 12 часот во Галеријата на Домот на културата ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Владимир Темков од Кавадарци, насловена како “Големи и мали“. Во сабота на 13 февруари 2021 со почеток од 19.30 часот театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци премиерно ќе ја изведе претставата “Не се клади на енглези“, по текст на Владимир Ѓурѓевиќ, а во адаптација и режија на Диме Коцевски.
м.в.