КАВАДАРЕЧКИТЕ ПОЕТИ И НИВНИТЕ ГОСТИ СО ПОЕТСКА ВЕЧЕР ГО НАЈАВИЈА ПРЕТСТОЈНИОТ ПРАЗНИК
Вечерва во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци се одржа поетски настан насловен како „Пехарот на Свети Трифун“. Настанот е во организација на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во соработка со друштвото на писатели „Тиквешки цветови“ од Кавадарци и еден од настаните со кои Домот на културата го чествува празникот Свети Трифун. Поради пандемијата овој настан годинава немаше натпреварувачки карактер туку едноставно кавадаречките поети и нивните гости од Неготино читаа дела поврзани со Свети Трифун,љубовта,виното,вистината....Во улога на конферансије беше кавадаречкиот актер Александар Малинков,а за музичкиот дел се погрижија Пепи и Перо. На самиот настан поетски творби читаа Душко Стефанов, Марјан Тодоровски, Милка Минкова,Жаклина Николова, Марјонка Андоновска и Микица Илова. На крајот сите присутни ги поздрави директорката на Домот на културата Јулијана Туриманџова која на сите учесници им врачи книги кои ги обезбеди библиотеката „Феткин“.
м.в.