МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРОДОЛЖУВА ТРАДИЦИЈАТА НА ВИСОКАТА СВЕСТ КАЈ КАВАДАРЧАНИ КОГА ХУМАНОСТА Е ВО ПРАШАЊЕ

Во услови на пандемијата од Ковид 19 навистина треба да се истакне и пофали високата свест и хуманост на граѓаните,а посебно на кавадарчани и луѓето од Тиквешијата кога станува збор за дарување крв и спасување животи. Денес својата хуманост на дело ја покажаа вработените во „В.В.Тиквеш“ каде ОО на Црвен Крст Кавадарци како организатор и ИТМ (Институт за трансфузиона медицина) како реализатор организираа уште една од многуте крводарителски акции. За самиот чин на крводарување и за крводарителството кога компанијата „Тиквеш“ е во прашање говореше оперативниот директор Гоце Марков кој по изјавата и самиот даруваше крв.

м.в.