МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Здружението „Винотек„ на 11 ноември во 14 часот во салата на ресторанот „Јасмин“ организира саем-дегустација на вина и производи од грозје.

По завршувањето на Гроздоберот 2017 година и откинувањето на последниот грозд ова година,која за лозарите беше една од најслабите по приноси, на посетителите на ова манифестација им бидат понудени да дегустираат повеќе десетици различни црно и бели вина од 15-сетина помали винарии во Тиквешијата, како и производи под грозје (маџун,гроздов сок и друго) од домашни ,мали, производители на вино од Тиквешијата.Големи винарии на средбата не забележавме.Но од организаторите(Јован Еленов и Панче Арсовски) ја „прочитавме“ желбата да се афирмираат помалите семејни винарии.А тие , винариите кои произведуваат помаки количини , можат да се направат дури и подобри вина отколку големите винарии.Зато пак ним и треба поголема афирмација да се пласираат на пазарот.Здружението „Винотек“ и сличните на него, ја имаат таа мисија да ги доближат до јавноста жестоките пијалаци и вината и други производи од грозје на консументите кај нас кои ги има се повеќе.За музичкото расположението на саемот-дегустацијата, се погрижија докажаните музичари-Ано Јосифовски и Блаже Богев.