Интегрален текст на прес конференијата во ОК на ВМРО-ДПМНЕ на која говореше Д-р спец. Стојачнче Рамов. На неа присуствуваше и Д-р спец.Никола Трендафилов.
„Почитувани сограѓани
Денеска се навршува една година од првиот дијагностициран пациент со корона вирус во нашата држава.
Првиот дијагностициран случај во земјата беше жена која го добила вирусот во Италија и таму ја поминала инкубацијата. Бројот на заразени започна интензивно да се искачува од почетокот на март 2020. Кон крајот на јули 2020 бројот на заболени во Македонија, броејќи од почетокот на пандемијата, достигна 10 илјади. Под реченицата “Се е под контрола“ која често ја слушавме од актуелниот министер за здравство за текот и ширењето и смртоста на самиот вирус во текот на оваа година имаме бројка од околу 3000 починати и над 100000 заболени,што за зал не прави меѓу првите земји во регионот по смртност. Не е мал и бројот и на наши сограѓани кој ја изгубија битката со овој подмолен непријател.Сочуство до нивните фамилии. Почитувани вакцинацијата која почна против Ковид 19 вирусот го означува светлото на крајот на тунелот.Секоја пандемија досега низ минатото е решена со вакцина. Вакцините се најефикасно оружје против пандемијата.Само со вакцинација повторно ќе го вратиме животот во нормала и ќе биде возможна вистинска социјализација. Ковид 19 е болест од којашто умираат околу 2 посто од заразените.Вакцинирањето нуди драматично подобрување на овие статистики и елиминирање на шансата за смрт и тешка болест. Малку е чудно да се плашиме од некакви хипотетски алергиски реакции,а да не се плашиме од шансата 2 од 100 пациенти да завршат фатално.
И на планот на обезбедување на вакцини,оваа влада потфрли. Заев и Филипче кој не успеаја да обезбедат ниту една вакцина,сега се секираат да не набавеле премногу???Тоа се истите тие кој правеа спектакл по добиената донација од Република Србија.За зал изостана проценката и стартот на преговори со производителите на вакцини за нивна набавка од пред половина година, кога сите здравствени власти на своите земји тоа го правеа. Наместо Македонија да започне вакцинација на населението во декември месец како другите земји во регионот,сега започна само со вработените кој се првата борбена линија во Ковид Центрите низ државата околу 1000 на број досега.Каде се другите здравствени работници низ јавните здравствени установи,матични лекари,матични стоматолози,матични гинеколзи,приватни здравствени установи кој се вклучени во борбата со вирусот.
Почитувани Комисијата за Здравство при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изразува голема благодарност до сите здравствени работници вработени во ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност,матични лекари и здравствени работници при Центарот за Јавно Здравје кој во изминатите месеци несебично,пожртвувано се вклучија во борбата со овој опасен вирус.Тоа се нашите херои. Имајќи ја во предвид состојбата со ширење на корона вирусот на територија на Општина Кавадарци во изминатите две недели апелираме на почитување на мерките за заштита со носење на маска и одржување на дистанца и избегнување на престој во затворени простории на поголем број на население.Воедно ги поздравуваме заклучоците од Општинскиот кризен штаб одржан на 18.2.21 со еден предлог за секојдневна информација на јавноста за превземените мерки и нивното почитување посебно сега која има изразито ширење на вирусот во градот„.
- рече денеска на Пrес конференцијата членoт на ОК на ВМРО ДПМНЕ Д-р спец. Стојанче Рамов