МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По успешно одржаните 2 сезони досега, со гордост ви најавуваме дека Македонија и оваа година ќе земе учество во најголемата Балканска лига за eFootball и Esports, Sinalco Blakan PES 2021!

Покрај Македонија, на официјалното натпреварување eFootball PES ќе учествуаат и Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.Лигата на Sinalco се враќа на малите екрани од 3-ти мај, а сите натпревари ќе се пренесуваат во живо на Fortuna Esports YouTube каналот, како и на Sport Klub Esports TV каналот, од 03.05. до 27.06 кога ќе се игра и големото финале.

Шест репрезентации од регионот, кои ќе бидат составени од по двајца натпреварувачи, ќе се борат за наградниот фонд од 5.000 евра и титулата регионален PES шампион!

Квалификациите за третата сезона на Sinalco PES лигата ќе се одржат преку Интернет, на 13-ти март (групна фаза) и 14-ти март (плеј-оф), додека финалните 4 (F4) се закажани за 20-ти март 2021.

Играчите кои ќе се квалификуваат на Sinalco PES лигата, ќе заминат за Белград каде ќе се играат натпреварите помеѓу земјите учеснички.

Пријавувањето за квалификациите трае до 10-ти март!

ПРЕТСТАВИ ЈА МАКЕДОНИЈА, ПРИЈАВИ СЕ на:

sinalcopesleague.com