Голем интерес за глеање мото трка 1970 година
Една од содржините на Тиквешките гроздобери беше одржувањето на мото-трките кои почнувајќи од 1966 година во континуитет се одржуваа до 1981 година. На снимката е мото-трката во 1970 година која се возеше по улиците “Илинденска“, “Пано Мударов“, “Гоце Делчев“ и “Ѓуро Ѓаковиќ“, денес “Мито Хаџи Василев“.
Фотографија-Бранко Ивановски,од фототеката на Музеј-галерија.