Директорот на Агенцијата на финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска на Петре Пешков и Блаже Стојановски млади лозари и винари им го врачи сертификатите со кој ке можат да ги подигнат потребните средства за набавка на опрема за мали винарии.Со тоа се исполнува мерката за поттикнување на земјоделско произвдство.Конкретно двајцата млади лозари односно винари аплицирале за мерката за финасиска подршка за поттикнување на нов агробизнис.
Здружението „Тиквешки семејни винарии“ одлично го организира настанот, со што се афирмира Здружението кое се повеќе станува релевантен фактор за развој на семејниот вински бизнис кај нас.
Инаку самиот настан се одвиваше на приватниот имот на семејството Стојановски во Моклиште a покрај домаќините и преставници на Агенцијата присуствуваа сопственици на смејни винарии од Тиквешијата Јаковлевски, Клинчароив ,Попов и други.