МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Донеси книга, слушни музика“е насловен настанот кој ќе се реализира утре во Кавадарци, а има за цел промовирање на читањето книги и зголемување на библиотечниот фонд.

Kако што појасни денеска Даниел Уневски, претседател на кавадаречкиот Совет на млади, при влез на концертот на познати музички изведувачи од Кавадарци, писетителите треба да донесат книга.

Уневски додаде дека се чувствува оти книгите се поретко се пријатели на младите, па затоа и се одлучиле на еден ваков чекор.Ова ќе биде настан за кој веруваме дека ќе поттикне и други вакви и слични иницијативи, нагласи тој. Ќе настапат познати музички имиња и две балетски студија.

Настанот е поддржан од локалната самоуправа и неколку кавадаречки невладини организации, од кои всушност доаѓаат и членовите на Советот на млади. Настанот ќе започне од 20 часот.