МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Новата претстава на Аматерскиот тетар при Домот на ултурата„Не се клади на енглези„ во адаптација и режија на Диме Коцевски на сцената пред гледачите е веќе неколу недели. Ја видоа околу 800 луѓе.Театарската претстава се гледа според протоколите.

И за жал, ова престава е единетвената јавна манифестација од овој тип која „влече“ гледачи.Татарот кај нас беше и останува ретко интресен и важен културен настан .Освен содржрината на делото, тоа е прилика да те видат и да бидеш виден.

„Не се kлади на енглези„ е типично ,актуелна современа комедија која започнува со хумор и сочен говор на овој дијалект завршува со силна порака преку драмскиот заплет на трите лика кои ги толкуваат;Диме Коцевски, Видан Станоев и Диме Боцев.Новниот живот полн со проблеми кои се производ на обложувањето со кое се „заразени„, кулминира со трагикомични сцени во кои невозможното станува возможно а неважното –важно.

Од овој агол, Коцевски, отсликува едно важно поглавје од ова совремие исполнето со надеж за очекувано подобро утре,прикажано преку желбата да се заработи на обложување на спортски екипи , бран со кој е зафатена и Македонија и Кавадарци.

И наместо да очекувате цело време да се смеете од средината да до крајот вие како гледач ке ја смените гримасата на лицето, и ќе станете сериозни, зашто дејстврто поминува во драма.

Но да не ви откриваме повеќе .Наша топла препорака е да го погледате ова ново дело на кавадречкиот Дом на Култура, кое трае 1 час и 40 минути.

м.д.