МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Секој 1-ви Март, во чест на мистериозната Баба Марта и доаѓањето на пролетта, се плетат уникатните мартинки, едни од омилените модни додатоци на младите. Имено, мартинките се бразлетни направени од црвена и бела волница, исплетена на различни начини.

Старите Македонци имале високо ниво на духовност, имале свои верувања и култови, но еден од најразвиените им бил култот кон Ксантика. Ниеден народ нема празник стар 3000 години, што се задржал до ден денешен. Македонскиот народ има празник кој е наречен ,,Ксантика,, и се слави на почетокот на пролетта од од 1 до 31 март. Зборот ,,Ксантика,, означува светлина, виделина т.е. божица на цвеќињата, на љубовта и убавината. Според едно предание во Ксантија бил заљубен Македонскиот Бог Македон, таа му била прва и чиста љубов. Но откако злите сили ја претвориле Ксантија во цвет, Македон секоја пролет ја барал својата љубов на сите ливади и полиња, покрај сите бистри потоци и реки, во сите градини во својата земја Македонија. Потрагата на Македон по Ксантија била секоја година која траела 30 дена, а за тоа време Македонците го прославувале празникот (простувајќи и посакувајќи исполнување на желбите). Во чест на оваа необична и несреќна љубов на Македон и божицата Ксантија, Македонците првиот месец на пролетта го нарекле Ксант, а пролетниот празник Ксантика.Ксантика е инаку една од најсветлите обележја на старо-македонските народни обичаи, што со својата магична моќ ги обединува душите на целиот народ во борбата за подобар живот. За жал, денеска овој празник скоро и да не се прославува. Македонските војници, Ксантика ја славеле облечени во свечена македонска облека, пееле и играле македонски песни и ора, со што се истакнувала уметноста на нашиот народ.Денеска , делови од овој празник може да пронајдеме во празнувањето на Прочка, Младенци,Благовец,Лазарица, Цветници и неколку други празници што се прославуваат во текот на пролетта.Целиот овој обичај што доаѓа од празникот Ксантика на кој нашиот народ верувал дека се случува ,,прочистување на душата,, простување на гревовите, но и доминација на разбудената пролетна светлост над зимската темнина. Затоа мартинките освен како бразлетни, тие се прикачуваат и на облеката, во домот, се носат како првиврзоци од 1-ви Март па се до расцветувањето на првото дрво како предвесник на пролетта, а потоа се верува дека треба да се закачи на дрвото со желби за добро здравје. Мартинките се направени од две бои, белата боја ја симболизира чесноста и невиноста, а црвената светлината и љубовта во животот.

Томе Крстевски-етнолог