Механизација на ЈП„Комуналец„ утринава го чистеше од наталожениот песок, под мостот на реката „Луда Мара“
Локалната самоуправа првиот работен ден на Новата Година продолжува таму каде што застана лани-санира и расчистува шут, отпадоци и наталожени проблеми од лани и пред тоа.
Утринава окото на нашиот фотоапарат забележа активност под Централниот-камен мост на реката „Луда Мара„ каде механизација на Комуналец работеше на расчистување а потоа и утоварање на повеќе десетици кубни метри песок кој се таложи на ова локација. Дел од песокот доаѓа по природен пат од горниот дел на реката по коритото, а дел поради изведбата на Градежни работи на уредување на кејот изминатите неколку месеци.Во секој случај комунална активност, која треба да стане секојдневие, и уште нето- ова локација ке биде централното место каде на 19-ти јануари ке се одвива манифестацијара „Богојавление„-ВОДИЦИ, каде нашата црква во Кавадарци го обавува потопувањето на светиот крт.Малото езерце кое се прави притоа со правење на вештачка брана , со ова градежна активност на Локаланта самоуправа ,може да се дефинира.