МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Соопштение

„Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагираат на објавите со измислените изјави поврзани со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, со оценка дека на овој начин јавноста може да се доведе во заблуда и да се шират дезинформации.Иако станува збор за содржина од сатиричен карактер, медиумите кои во јавноста се препознаваат како професионални не треба да го занемарат фактот дека ваквите содржини лесно можат да бидат прифатени од пошироката јавност како вистинити, особено ако темите се во контекст на актуелни политички случувања.Станува збор за објавата во неколку медиуми во која се вели дека градоначалникот на Струга Мерко „јадел често и на сила само за да ги помогне угостителите, а за тоа било платено од страна на општината“, при што на крајот од текстот е наведено : „Прочитајте ја целата сатирична вест на порталот „Кооперација““.Им укажуваме на медиумите доколку користат вакви објави кои имаат сатирична содржина најмалку што можат да направат уредниците е на многу јасен начин, на почетокот на текстот, да истакнат дека станува збор за измислена содржина. Притоа треба да се свесни за можноста од дезинформирање на граѓаните, особено имајќи предвид дека читателот неретко се задржува на насловот и кратко поминува низ содржината на објавата.Во услови кога ширењето дезинформации е сериозен проблем, несоодветното и неодговорното користење сатирични содржини, кое привлекува големо внимание и на социјалните мрежи, во јавноста може да се толкува како тенденциозен обид за злоупотреба на медиумот, правејќи штета на угледот не само врз конкретна индивидуа, туку и на општествените процеси.„ се наведува во денешното соопштение на Здружението на новинари на Македонија и Советот за етика во медиумите во Македонија.