Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Кавадарци ке одржи предизборен митинг.Митингот е закажан на Градскиот плоштад со почеток во 19.00 часот.Претходно СДСМ закажа митинг на Градскиот плоштад во Неготино во 17.00 часот.
Претседателот на ОО на СДСМ –Кавадарци Зоран Ѓорѓиев ги повикува граѓаните да присуствуваат на митингот.Во повикот меѓу другото се вели: - „За да го слушнете нашиот ПЛАН ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА. План каде централно место има човекот, поединецот, а не мермерот и фасадите од стиропор.Да не дозволиме комфорот и стравот да надвладеат! Бидејќи еден ден нашите деца ќе не прашаат, што направивме ние за да си ја вратиме слободата и правдата во нашата мила Македонија? Ќе не прашаат каде бевме ние кога целиот слободоумен и правдољубив народ се спротивстави на лагите и криминалите на режимот? Ајде здружено и масовно да застанеме гордо и исправено до нашите сограѓани кои храбро се одважија да се спротивстават на овој корумпиран режим. Да застанеме заедно со сите оние илјадници сограѓани, кои избраа ЖИВОТ, СЛОБОДА и ПРАВДА!“