МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Македонскит центар за меѓународна соработка МЦМС денеска објави податоци и резултати од анкети на неколку прашања.

На новoспроведена анкета, на отворената листа за најдобар градоначалник , на прво место со 10,5% е Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев.

Ви предаваме подетални информации :

„За која партија би гласале на локалните избори?

-0,8 процентни поени предност за ВМРО-ДПМНЕ - 22,4%, наспроти 21,6% за СДСМ. ДУИ (8,0%), Алијанса за Албанците 6,2%, Левица 5,2%. За некоја од другите партии - 2,7% . Нема да гласаат, ќе излезат ама ќе го поништат ливчето е 18,1%, а не знаат или одбиле да одговорат 15,9%. Или вкупно една третина или 34,0% е неизвесно за кого ќе гласаат

- На отворена листа, Митко Јанчев, избиран како најдобар градоначалмник- 10,5% . А потоа се Арбен Таравари, актуелниот градоначалник на Гостивар, а трет е Максим Димитриевски. На следните три места се Теута Арифи (Тетово), Висар Ганиу (Чаир) и Петре Шилегов (Скопје) за кои се изјасниле 3,5% односно 3,3% и 3,2%, .

-Гледано од аспект на симпатизерите на политичките партии, симпатизерите на СДСМ најчесто се изјаснувале за Максим Димитриевски (9,9%), потоа за Коста Јаневски (7,7%), а на трето место е Митко Јанчев (5,0%) кој на претходните избори беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. По 4,4% од испитаниците се изјасниле за Петре Шилегов и Стефан Богоев, а 3,9% за Саша Богдановиќ

-Четвртина од оние на ВМРО-ДПМНЕ (26,6%) се изјасниле за Митко Јанчев, а Максим Димитриевски, кој на претходните избори беше кандидат на СДСМ и Борче Митевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ добиле ист број гласови односно 9,6%. Поддршката за градоначалникот на Скопје е 2,8%.

-Етничките Македонци најчесто ги препознавале како најдобри градоначалници Митко Јанчев (14,8%) и Максим Димитриевски (7,6%), а потоа Петре Шилегов (3,5%), Борче Митевски (3,5%), Коста Јаневски (3,3%) и Стефан Богоев (3,1%).

-За четвртина од етничките Албанци (25,7%) најдобар градоначалник е Арен Таравари, а потоа се Теута Арифи (13,7%) и Висар Ганиу (11,6%).

-Припадниците на другите заедници, најчесто се изјаснувале за Максим Димитриевски (15,2%), потоа за Стефан Богоев (6,1%), Петре Шилегов, Висар Ганиу, Митко Јанчев и Арбен Таравари, сите по 4,5%.„

- се наведува во резултати од анкетата,

ИЗВОР:ТВ ТЕЛМА

176331685_436216497368659_8581549553778894269_n

176619762_436216440701998_8535118785611085664_n