МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст

„Почитувани граѓани

Процесот на масовна имунизација против коронавирусот се спроведува со одлична динамика и темпото на вакцинација во државата расте од ден во ден. Системот функционира беспрекорно и без потешкотии.

Масовната имунизација, покрај во Скопје, од минатата недела се одвива и во вакциналните пунктови во Тетово, Битола, Охрди, Штип и Куманово, како и во нашиот град Кавадарци. Се очекува во наредните денови да се отворат вакциналните пунктови за масовна имунизација во Велес и Прилеп.

Повеќе од 110.000 граѓани се вакцинирани досега во нашата држава. Од нив 24.000 граѓани примиле две дози вакцина против коронавирус. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, односно 287.957 граѓани се пријавиле за вакцинација.

Податоците дека за само еден ден се вакцинирани 14.000 граѓани и дека над 30% од повозрасните граѓани, односно над 70 години примиле барем една доза, а од ден на ден оваа бројка интензивно расте, се доказ дека процесот на масовна имунизација се спроведува одлично.

Во нашиот регионален вакцинален пункт, кој ги опфаќа градовите од Повардарието, досега се вакцинирани над 10.000 граѓани. Оваа бројка кажува дека интересот за вакцинацијата е огромен и истиот секојдневно расте. Организацијата е на многу високо ниво и граѓаните се задоволни.

Затоа потенцираме, дека само преку масовна вакцинација ќе изградиме колективен имунитет со кој ќе успееме да го победиме коронавирусот и ќе се вратиме на старите навики во нашите животи. Одговорноста да ставиме крај на коронавирусот е кај секој од нас.

Ги повикуваме граѓаните да се пријавуваат за вакцинација. Сите вакцини се безбедни, нема контра индикации и нема никакви последици од вакцините. Масовната вакцинација е клучна во градењето колективен имунитет и ставање крај на пандемијата.

Владата предводена од СДСМ, институциите, продолжуваат со вистинска грижа за граѓаните и нивното здравје.“ -се наведува на денешниоит прес на ОО на СДСМ кој го одржа Директорот на Општа болница со проширена надлежност Кавадарци Диме Доцев,