-Интегрален текст
„Инвестицијата во спортската инфраструктура е инвестиција во младите, создавање на здрави навики и јакнење на спортскиот дух. Вложуваме во иднината на државата, а тоа се младите. Владата преку Министерството за образование и наука со поддршка на Општина Кавадарци гради нова спортска сала во О.У Страшо Пинџур. Инвестирањето во капиталните објекти, инфраструктурата – училиштата и придружните објекти, како што се спортските сали е навистина значајно. Ученици од ова основно училиште конечно ќе добијат соодветни услови за одржување на часот по физичко и здравствено воспитување. До сега учениците од ова училиште немаа спортска сала и мораа да ја следат наставата по физичко во пренаменета училница или надвор во дворот. Покрај ова новата спортска сала исто така ќе биде достапна за тренинг и спортување на рекреативци и спортски клубови од Кавадараци. СДСМ и на централно и на локално ниво продолжува со капитални проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните во секое населено место. Дури и во време на сериозна пандемија не запира реализацијата на капиталните проекти. Во изминатите години СДСМ и на локално и на централно ниво докажа што значи вистинска грижа за граѓаните„- рече Петар Николовски - советник на денешниот прес на ОО на СДСМ.