МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Делегации од сојузот на борци Кавадарци и Неготино денеска положија цвеќе на споменикот кој сведочи за формирањето на првиот партизански одред Добри Даскалов во село Бојанчиште.

Денесka се навршуваат 78 години од формирањето на овој одред.

На овој ден 1943 година на планината “Вишешница“ во близина на Полошкиот манастир е формирана оваа партизанска единица. Штабот на одредот го сочинуваат: Никола Минчев-командант, Лазар Калајџиески-заменик командант, Димката Габерот-политички комесар и Петар Пепељуговски-зам. полит. комесар.На 14 мај-Ресава, 17 мај-Гарниково, 18 мај-Бојанчиште, караулите Шаренка и Порта, Драгожел, Драдња, Шешково, Праведник, Галиште се извцедуваат значајни акции.

Окупаторот презема голема офанзива со 12.000 војници, полицајци и контрачетници. Одредот претрпува сериозни загуби, при што загинуваат ; Блажо Тодоровски-Чичето, Димката Ангелов-Габерот, Ило Виларов, Пано Мударов, Стојан Крстев и други.

Во помали групи поради силниот притисок и постојаните борби борците се префрлуваат во Егејска Македонија каде се врши обука на борците, тактичко-маневарски вежби и политички предавања, а во помали групи се префрлуваат во Тиквешијата и вршат помали акции. Со одлука на ГШ на НО војска и партизански одреди на Македонија од одредите “Добри Даскалов“ и “Сава Михајлов“ и делови од битолскиот одред “Гоце Делчев“ на 24 септември 1943 година е формиран баталјонот “Страшо Пинџур“.

111