МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Изборот е направен на Конференцијата на ова партија за Кавадарци

Општинската Организација на СДСМ Кавадарци ја одржа конференција за избор на нов Извршен и Надзорен Одбор. Од вкупно 76 делегати членови на конференцијата, присуствувале 67 делегати.

Во месец декември во демократска постапка, според Статутот на СДСМ, членовите на ОО СДСМ Кавадарци предлагале членови на Извршен Одбор, и притоа биле предложени вкупно 203 кандидати. Подоцна новиот претседател Горан Тодоров од тие предлози го предложил Извршениот Одбор и го доставил на гласање на Конференцијата која со 66 гласа го одобрила новиот Извршен Одбор на СДСМ Кавадарци кој ќе има мандат од 4 години.

SDSM-Kavadarci-Izvrsen-3.jpg

За членови на новиот Извршен Одбор на ОО СДСМ Кавадарци биле избрани:

Надица Василева – магистер по предучилишно образование;Роска Коцева Андонова – дипломиран политиколог, Веса Богева – дипломиран економист, Данче Несторов – дипломиран економист; Дафинка Петрова – дипломиран правник; Александра Лиотиковска – дипломиран правник; Весна Дамова – дипломиран правник;Марија Трајкова – дипломиран професор по македонски јазик; Петар Николов – дипломиран наставник по физичко и здравствено воспитување;Косте Бојков – дипломиран криминалист;Ѓорѓи Алексов – дипомиран економист; Лазар Туриманџов – машински техничар; Бобан Сотиров – машински техничар; Александар Стојанов – дипломиран економист (приватен бизнисмен); Александар Димитриевски – земјоделски инжинер;Стојан Јанкулов – приватен бизнисмен;Влатко Митровски – студент;Александар Митрев – дипломиран социјален работник.

SDSM-Kavadarci-Izvrsen-2.jpg

Конференцијата исто така гласала и за избор на 5 члена на Надзорен Одбор на ОО СДСМ Кавадарци. За членови на Надзорниот Одбор биле избрани: Киро Јосифов – дипломиран економист; Стефан Стефанов – доктор по ветерина;Анета Ристова – шумарски техничар; Загорка Таневска – студент; Александар Манев – студент.

Конференцијата го одржала и првиот состанок на новиот Извршен Одбор на ОО СДСМ Кавадарци на кој бил избран Петар Николов (дипломиран наставник по физичко и здравствено воспитување) за нов сектерар. Николов е долгогодишен член и активист на СДСМ Кавадарци, а претходно бил и Секретар на ЛК СДММ Кавадарци.

SDSM-Kavadarci-Izvrsen-6.jpg

На Извршниот Одбор биле избрани и нови претседатели на комисиите кои функционираат во состав на Општинската Организација на СДСМ Кавадарци.