МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Граѓанската иницијатива „Настава и учебници мора да има“ вчера попладне на градскиот плоштад во Кавадарци го одржа вториот протест. Беа упатени барања да запрат реформите во образованието, бидејќи биле на штета на учениците. На протестот говореа родители и ученици. Беше побарана поддршка и од градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Инаку од иницијативата нагласуваат дека не се поврзани со ниту една политичка партија, туку протестираат само како родители за подобро образование на своите деца.