Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на Советот Ристо Сакалиев, од името на Локалната самоуправа Кавадарци и Советот на Општина Кавадарци на сите фидбалери и управата на ГФК Тиквеш,им се заблагодарија на овој спортски колектив за големиот успех за пласманот во најелитното фудбалско натпреварување ПМФЛ , и им врачија признанијата .
ГФК Тиквеш по пауза од 17 години влезе во Прва македонискас фудбалска лига. Последен пат Тиквеш играше во ПМФЛ во сезоната 2003/04, по што падна во Втората, па и во Третата лига но сега целиот град се радуваше на повторното враќање во најелитната македонка фудбалска сцена,по совладувањето на последна пречка на патот до целта - Силекс со 1: 0. Овие две екипи пред две години на петти јуни 2019 година одиграа ист ваков бараж. Тогаш Тиквеш во полуфиналето го совлада Лабуништа со 6-3, ама потоа загуби од Силекс со 3-2 и не успеа да се врати во ПМФЛ.Кавадарчани се реваншираа на Националната арена „Тодор Проески“.
Сега кога се е познато, и остварена е најголемата спортска желба на градоначалникот Митко Јанчев, фудбалерите, управата, навивачите на “„Лозари Исток„, на сите љубители на фудбалот кај нас,добро е малку и да се порадуваме на големиоит успех и зад нас да ги оставимне шпекуциите и негативните коментари.Само единствен клуб со управа и играчки кадар може да жнее успеси.Јанчев најави дека голмиоит успех не е случаен и ке работи и понатаму на афирмција на Тиквеш и спорскиот дух на Кавадарци.
м.д.