МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По дводневна потрага полицијата го пронајде скопскиот планинар кој беше исчезнат на планина кај Кавадарци, кај врвот Орле на планината Вишешница над Тиквешкото Езеро.

За да се утврди добрата здравствена состојба, лицето пред да оди дома било подложено на лекарски прегледи во болницата во Кавадарци.

„Завчера околу 14 часот во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци било примено известување дека на пат кон врвот Орле кај селото Галиште се изгубиле пет лица планинари од Скопје“, велат од МВР.

Изгубениот планинар минал три дена во планината сам, по што тргнал да го најде патот за назад, па што му се изгубила трагата. Инаку четворицата планинари поминале два дена без вода и храна по што побарале помош и беа извлечени со хеликоптер вчера попладне.

Брзата и ефикасна акција на нашата полиција и планинарите од „Орле„ беше одлучувачка во брзиот успешен исход на цела операција.