МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Кавадарци синоќа се одржа трибина со наслов „Менталното здравје и важноста од истото“ . Во салата на Домот на културата „Иван Мазов – Климе” во Кавадарци ,за ова актуелна тема говореа : д-р Мирјана Јовановска-Стојановска, универзитетски професор, психотерапевт и претседателка на Комората на психолози, д-р Мирослав Пендароски, универзитетски професор и психотерапевт и м-р Тина Васков, клинички невропсихолог и психотерапевт. Организатор на настанот е Здружението за психологија, советување, психодијагностика и едукација „Когитацио рационалис“ од Кавадарци.

Покрај наведените психолози и професори на присутните им се обрати и Нина Костовска ,која не допре до срцето со нејзината порака, а модератор беше Александар Малиннков.

Дефинитивно менталното здравје игра клучна улога во животот на секој човек.Тоа е од суштинско значење за една личност да може да живее исполнет живот во кој ќе ги реализира сопствените потенцијали. Денешниот човек е во постојана потрага по себеси, како и во потрага по начините кои ќе ја подобрат неговата добросостојба. Токму менталното здравје има важна улога во постигнувањето на таквата цел – вели Иваноски.На прашањето дали психичкото здравје сѐ уште е табу тема во општеството во кое живееме, Ивановски додава:„Преку поведенијата на луѓето и нивните артикулирани ставови, кај голем дел од нив се забележуваат чувствата на страв и срам како резултат на нивните ирационални уверувања дека ќе бидат отфрлени од останатите и дека нивната човекова вредност ќе биде помала доколку посетат психолог. Токму затоа, верувам дека психолозите и сите релевантни чинители на општеството, имаат морална обврска да дејствуваат во насока на подобрување на менталното здравје кај граѓаните“, вели организаторот на настанот М-р Атанас Ивановски, лиценциран психолог -инаку организатотор на Трибината.

м.д.

193403492_292608402604494_5717022441853303581_n 194886597_468182927613278_230514465937162571_n