МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДЕБИТО НА КОНТИНЕНТАЛНИТЕ СОБИРИ МАКЕДОНИЈА КЕ ГО ИМА ВО НЕДЕЛА ПРОТИВ АВСТРИЈА

Доцниме точно една година поради пандемија што ја погоди целата планета. Но кој чека ќе дочека бидејки од денеска е вистинското време за 16-тото Европско првенство во фудбал. Историско Европско за Македонија бидејки и нашата репрезентација ке биде дел од истото. Затоа македонци како што вели слоганот на овогодинешното ЕУРО - „Live it. For real“Ова е второ Европското првенство со 24 репрезентации, а прво кое го организираат дури 11 градови: Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Минхен, Лондон, Рим, Севиља и Санкт Петербург. Јавноста ги наметнува светските прваци Французите и актуелниот европски шампион Португалија како најголеми фаворити. Во првата фаза, 24 репрезентации се поделени во шест групи од по четири репрезентации. Пласман во осминафиналето ќе обезбедат првопласираните и второпласираните, како и четирите најдобри третопласирани. Од осминафиналето се игра според класичниот нокаут систем.Во случај да има нерешено во нокаут фазата по 90 минути, се играат две продолженија од по 15 минути, а ако и тогаш нема победник, се изведуваат пенали. Отворањето на 16. Европско првенство е закажано за вечерва, петок 11 јуни во 21:00 часот. Италија и Турција се среќаваат на стадионот „Олимпико“ во Рим. Финалето и затворањето се планирани за во Лондон на 11 јули, на стадионот „Вембли“.И македонската фудбалска репрезентација ке биде дел од континенталниот собир. Ке играме во групата Ц заедно со селекциите на Австрија , Украина и Холандија. Своето деби Македонија ке го има во недела 13 јуни од 18 часот против Австрија во Букурешт. Австријците, предводени од Алаба, Арнаутовиќ, Драговиќ, Калајџиќ, се надеваат дека првпат ќе ја минат групата во нивното трето учество на континенталните шампионати, но Пандев, Елмас, Барди и останатите „рисови“ имаат сопствена математика.На 17 јуни ќе ги одмериме силите со Украина, додека четири дена подоцна се селиме во Амстердам, каде ќе играме со Холандија. Украинците се потпираат на тренерската харизма на Андриј Шеченко а на Холанѓаните ке им тежи фаворитската улога.Јавноста ги наметнува светските прваци Французите и актуелниот европски шампион Португалија како најголеми фаворити за титулата Европски Првак.

М.В.