ПРЕС НА ОО НА СДСМ / Петар Николов “Во општина Кавадарци реализирани клучни инфраструктурни проекти“
ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ
“Инвестициите во инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво, за подобар живот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој, се врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.
Во оваа изминатиот период во општина Кавадарци беа реализирани клучни инфраструктурни проекти од исклучително значење за целиот овој регион. Имено извршивме изградба на нов мост во с. Ваташа, направивме рехабилитација на патот Кавадарци- Росоман, како и реконструкција на патот Мушов Гроб- Мрежичко.
Покрај овие инфраструктурни проекти во наредниот период Владата предводена од СДСМ инвестира во реконструкција на шест улици во општина Кавадарци, во вредност од 76 милиони денари.
Во првиот повик ќе бидат опфатени и реконструирани: ул. Браќа Џунови во вредност од 5.7 милиони денари, улицата Илинденска во вредност од 15.4 милиони денари и улицата Пионерска во вредност од 6 милиони денари. Со вториот повик ќе бидат опфатени и реконструирани уште три улици во општина Кавадарци.
Преку одговорен пристап инвестираме во капитални проекти кои обезбедуваат локален економски раст и рамномерен регионален развој, проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот во сите општини.
Како одговорна, државотворна партија остануваме посветени на мерки и политики што се во интерес на граѓаните и државата“- се навадува ви изјавата.