МАКЕДОНСКИТЕ ФОЛКЛОРНИ АМБАСАДОРИ ВОЧЕТВРТОК НА 1 ЈУЛИ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД СО ПОЧЕТОК ОД 20 ЧАСОТ КЕ ОДРЖАТ ВОКАЛНО ИНСТРУМЕНТАЛЕН КОНЦЕРТ НА ХОРОТ И ОРКЕСТАРОТ
Утревечер, четврток, на 1 јули во 20 часот, на Градскиот плоштад во Кавадарци хорот и оркестарот на НУ “Танец“ ќе оддржат вокално инструментален концерт .
Ансамблот „Танец“ е формиран е на 24 март 1949 год. и повеќе од седум децении е симбол на македонската култура и уметност, седум децении е амбасадор на македонското музичко-сценско фолклорно творештво и седум децении е подвижен музеј на нашата духовна култура насекаде низ светот. Основна цел на ансамблот е да го собира, негува и уметнички да го надградува македонското фолклорно богатство – ората, песните, инструментите, обичаите и носиите, и музичко-сценски соодветно да ги претставува во земјата и надвор од неа. Организатор на овој концертот е домот на култура “Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци со подршка на Локалната самоуправа на општина Кавадарци а концертот ќе се оддржи според пропишаните протоколи за оддржување концерти во време на пандемија.