Интегрален текст
„Почитувани граѓани Почитувани медиуми .
По надминување на коронакризата, македонската економија денес е стабилна, развојна и се движи во добар правец.Доказ за тоа се официјалните економски показатели.Според последните податоци, во првите пет месеци од оваа година, бележиме раст на извозот од 58,2 отсто во однос на истиот период лани.Покрај растот на извозот, бележиме и раст на индустриското производството, раст на просечната плата и пад на стапката на невработеност.Одговорните економски политики на СДСМ придонесуваат платите постојано да растат, а невработеноста постојано да опаѓа.Просечната плата за месец април 2021 изнесува 28.438 денари.Тоа е раст од 10,1 отсто во однос на истиот месец 2020 година.И во време на пандемија, на светска економска и здравствена криза, невработеноста не се зголеми. Напротив, денес бележиме историски најниска стапка на невработеност од 16 отсто.Сите овие параметри се потврда за успешноста и ефикасноста на економските политики што ги презема Владата предводена од СДСМ.И не застануваме тука. Продолжуваме со навремени, ефикасни мерки и политики што обезбедуваат економски раст и повисок животен стандард.Официјални податоци потврдуваат дека СДСМ ја има најдобрата понуда за македонската економија, најдобрата понуда за државата„ .-се наведува во обраќањето на Вуко Мелов- портапарол на ОО на СДСМ Кавадарци.