МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци вечерва со трибина ја одбележа 127 годишнината од формирањето на првиот местен комитет, после солунскиот и 31 година од фомирањето на општинскиот комитет. На трибината говореа поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев и лидерот на партијата Христијан Мицкоски. „После солунскиот овде е првиот местен комитет на ВМРО и нормално ние како ВМРО-ДПМНЕ не ја испуштаме оваа можност да го прославиме тој настан . Тоа претставуа посебен настан, не само за кавадарчани, не само за ВМРО, туку и за Македонија и за македонците. Бидејќи без темелот неможеме да ја градиме понатаму зградата, неможеме да ја градиме куќата. Ова се моменти кога нас ни го оспоруваат темелот, и затоа ние треба цврсто да застанеме позади нашиот темел, да се избориме позади македонскиот народ, да се избориме за Македонија, затоа што без Македонија ние немаме ништо“ рече во изјава за КТВ.,ТВ Мицкоски. На нашето прашање дали се точни информациите дека е одржана средба со актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев и е потврдена неговата кандидатура за претстојните избори, Мицкоски не даде конкретен одговор. „Не би сакал да коментирам таков тип на информации, партијата ќе излезе со официјални информации. Она што можам да го кажам е дека кавадарчани се задоволни од работата на господинот Јанчев и ценам дека кога човек е задоволен тогаш задоволството треба да трае“ изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

A.Д.

01111344 045556 Untitled