Деновиве во Кавадарци во работна посета беше генералниот директор на Синалко Интернационал , Монги Гунди.
Со преставниоците на ова светска компанија и реномиран бренд ги посетија капацитетите на главниот производител дистрибутер и застапник за Македонија на Синалко пијалаците.Притоа тие изразија големо задоволство од сегашната работана компанијата Кожувчанка која успешно ја развива приказната на Синалко која трае многу години. -После три години во посета на Синалко и Кожувчанка и на Кавададарци дојде генералниот менаџер на Синалко Интернационал .Продискутиравме за некои работи поврзани со развојот на Кавадарци и Синалко пред три годинии и денеска .Директорот ме запозна со неговите планови посебно за влез на други пазари.Нашето Синалко е веке присутно на Црногорскиот пазар .Ова подршка која директорот и ја дава нашата Регионална стопанска комора и директорот на Кожувчанка и Синалко на господинот Митко Јанчев е комплимент и за мене затоа што ова фирма и Јанчев се дел од Кавадарци.Разговаравме и за неколку други теми кои имат за цел продлабочување и унапредување на нивниот бизнис тука и надвор од Македонија, рече градоначалникот Александар Панов , кој вечерва имаше средба со главниот преставник на брендот Синалко, Монги Гунди. Генералниот директор и менаџер на Синалко и Кожувчанка, Митко Јанчев вели дека Синалко како секоја година и сега се стреми кон поквалитетни но и нови производи.Ова посета на генералниот менаџер на Синалко е од многу важен карактер . -По три години нашата фирма добива посебни привилегии во фамилијата на Синалко Интернационал .Конкретно сега се здобиваме со статус на премиум партнерство.Се надеваме ќе продолжиме со тенденцијата на пораст и развивање на нови видици, додава Јанчев. Генераниот директор на Синалко -Интернационал Монги Гунди вели дека во компанијата се задоволни од соработката со Синалко Македонија .При посетата со тимот кој го предводи се запознале со прогресот во компанијата Кожувчанка и Синалко во Кавадарци.