Инегрален текст од Пресот на ОO на СДСМ- Кавадарци:
„Недела е историски ден за Македонија! Недела е референдум каде на една страна е криминалот, лагите и пропагандата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, а на другата страна се сите граѓани на Македонија желни за слобода, за правда, за живот!Целата измината кампања нашите противници водеа црна и негативна кампања против нас, измислувајќи тешки лаги и невистини и обидувајќи се да го заплашат народот со некакви измислени федерализации и двојазичности, кои постојат само во главата на Груевски.Драги сограѓани,Македонија ќе остане сплотена и унитарна! Македонија ќе биде просперитетна и слободна земја која еден ден ќе биде заедно обединета со останатите народи во Европската Унија!Ние, за разлика од нашите противници, водевме позитивна кампања, каде пред вас граѓаните ги презентиравме проектите и мерките од нашата програма кои имаат за цел да го вратат животот во Македонија!Ви презентиравме дека имаме план за враќање на достоинството на лозарите. Ќе има загарантиран откуп и интервентен фонд на државата, како и зголемување на субвенциите.За младите, кои изминативе 10 години масовно се иселуваа од Македонија, предвидуваме грантови од по 10.000 евра неповратна помош за започнување сопствен бизнис.
Предвидуваме отварање на старт ап центри и давање бесплатни канцеларии. Ви го презентиравме, исто така, и проектот гаранција за младите по завршувањето на школувањето.Понатаму, имаме план како да ја зголемиме минималната и просечната плата во Македонија.Ќе градиме автопатишта, наместо споменици и панорамски тркала. Ќе ја гасифицираме Македонија со цел граѓаните да плаќаат поевтина електрична енергија. Ќе воведеме поправедни даноци и ќе ги помогнеме сиромашните. Ќе воведеме бесплатно болничко лекување. Ќеима реформи во образованието. Прво ќе го укинеме екстерното и ќе го намалиме бројот на часови. Не може дете од 10 години да има по 7 часови дневно.Ќе ја вратиме евтината тарифа на струјата, ќе ја укинеме радиодифузната такса и ќе воведеме 15% повраток на ДДВ за граѓаните.Ќе има правда! Ќе го продолжиме мандатот на СЈО со цел расчистување со криминалот во Македонија и ќе донесеме закон за целосен реизбор во сегашното корумпирано судство.11 декември е голем ден за Македонија и за сите нејзини граѓани! 11 декември е денот кога на мирен и достоинствен начин ќе му кажеме збогум на режимот и ќе избереме ЖИВОТ!„