По 25 пат Кавадарци е домакин на ликовни уметници од Македонија,Турција и Бугарија
Синока во летната бавча при Домот на културата и официјално беше отворено годинашното издание на традиционалната Меѓународна ликовна колонија “Михајлово Кавадарци 2021“. Колонијата годинава слави 25 годишен јубилеј.
На оваа меѓународната ликовна колонија годинава ќе учествуваат дваесетина ликовни уметници од Македонија, Турција и Бугарија. И во услови на пандемија сепак традицијата продолжува. На отварањето на колонијата говореа уметникот Владимир Темков, директорката на домот на културата Иван Мазов Климе, Јулијана Туриманџова и претседателот на Советот на општина Кавадарци, Ристо Сакалиев
М.В.